ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Мицкоски за соработката со Турција: Вршиме набавка на одбранбени системи и истовремено обучуваме кадри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryp8ge4oaborhu5jClFYo

Точно е тоа дека го потпишавме тој договор со Република Турција. Целта на договорот е продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји, нешто што претставува и наша стратешка цел. Во рамките на тоа партнерство што го потпишавме, веќе се засилени контактите, изјави денеска во Собранието премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека голем дел од компаниите коишто доаѓаат и потенцијални инвеститори од Турција во Македонија, веќе се прифатени во страна на институциите и истите тие своите инвестиции ги почнуваат или се во фаза на почеток да ги реализираат.

„Тој договор не беше потпишан долго време. Со доаѓањето на оваа влада, тој договор се подпиша и во рамките на тој договор се интензивираше соработката и на полето на одбраната. Министерството за одбрана, како и Армијата, заедно со соодветните институции во рамките на владата на Турција, соработуваат непосредно. Вршиме набавка на одбранбени системи, истовремено обучуваме кадри, истовремено дел од турските претставници се исто така присутни тука во Македонија. Така што мислам дека со доаѓањето на оваа влада, во голема мерка се интензивираше таа билатерална соработка помеѓу двете држави“ додаде Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања