Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Мицкоски: Заев ја разбрал пораката од народот, ама и понатаму за Рашкоски вели дека е чесен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

Зоран Заев вели дека доколку загубел на овие избори во Скопје и другите места низ државата ќе си заминел од местото премиер. Јас велам на 31-ви октомври да му помогнеме да се случи тоа. Излезете и гасајте за промени. Излезете и додека заокружувате зад параванот не заборавајте дека вие сте силата која може да се избори за промени. Не заборавајте и на тешкиот живот, на трговијата со идентитетот која ја прави Заев, за таа неправда кога министрите на државна сметка тераат луксузи додека народот се дави во сиромаштија, на ветувањата за живот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со граѓаните во општина Демир Хисар.

Мицкоски потенцираше дека волкот влакното го менува но карактерот не, исто како Заев кој вели дека ја разбрал пораката на народот, но тендерите во РЕК Битола и понатаму врват, како и дека Ден Дончев е во бегство, а Вице испорачува списоци по фирми.

— реклама —

Волкот влакното го менува, но карактерот не. Многупати порано кога ве гледал во очи и ве лажел, и денес лаже кога вели дека ја разбрал пораката од народот. По трет пат, го вели тоа и продолжува по старо. Ја разбрал пораката, ама СИ врват тендерите за РЕК, врват и договорите за службени ручеци и кафеани. Ја разбрал порака од народот, но од рекетот не дознавме каде завршиле парите, ја разбрал порака ама не рече дека ќе го врати Ден Дончев кој го пушти да избега во Австралија, со торби полни кеш, народни пари, ја разбрал пораката, но, и понатаму за Рашкоски вели дека е чесниот. Ја разбрал пораката ама батето и денес оди од фирма во фирмите и презентира список со барања од секоја фирма поединечно, истакна тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања