„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Мицкоски: Заев наместо да ја потпевнува Stranger in the night, нека ја научи Wind of change

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
Mickoski-1-SREDBA-1012-Glavna-Slika

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави статус поврзан со лагите на Заев.

— реклама —

-И додека премиерот Заев вели дека блескаме во Светот, Светска банка го вели спротивното. Наспроти разубавената реалност која Владата ја продава преку владината машинерија, вистинската вистина говори дека Македонија се наоѓа на последното место во Европа по иднексот за глобален развој на Светска банка каде се разработува индексот за човечкиот капитал (HCI). Македонија е на 88-то место, позади Косово кое е на 80-та позиција, Црна Гора на 59, Босна и Херцеговина на 58, Албанија на 56, Бугарија на 44, Хрватска на 36-то место, а Србија е на 27-мо место. Веднаш до Македонија е Никарагва, Кенија, Панама и Таџикистан. А подобри од нашата земја се Шри Ланка, Еквадор и Оман. Со оваа анализа се мери колку земјите губат од економската продуктивност поради недоволното вложување во своите луѓе. Индексот на човечкиот капитал, покажува дека дете родено во Македонија денес ќе достигне 53 проценти од својот потенцијален човечки капитал кога ќе порасне, во споредба со она што би можело да го достигне доколку има квалитетно образование и биде потполно здраво.

— реклама —

— реклама —

Македонија бележи пад од 21 место споредено со претпоследниот индекс за човечки капитал, што значи дека состојбата од година во година се влошува.

— реклама —

Она што Заев го вели блескање, е всушност назадување.

Македонија станува земја каде владата не вложува во иднината на своите граѓани, токму затоа има и иселување. А иселувањето создава и економски проблеми.

Поразителни податоци и поразителна слика за Република Македонија.

Ова за жал е вистинската реалност.

Затоа наместо премиерот да си ја потпевнува на митинзи Stranger in the night, време е да ја научи Wind of change, а поради ова и се друго лошо што и приредија на Македонија оваа песна ќе му ја испее народот на 21 април и на 5 мај оваа година, стои во објавата на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања