Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Мицкоски: Заев сака да ги одложи изборите и да избегне одговорност, да донесе закон наспроти забелешките на правните експерти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Hristijan-Mickoski

Зоран Заев сака ги да избегне сите скандали и одговорност. Не е до законот за јавно обвинителство, туку до анкетите за разнишаниот рејтинг, рече денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски кажа дека неговата партија не отстапува од договорот за избори и ќе поднесе иницијатива за распуштање на Парламентот. Воедно порача дека ако нема избори на 12 април, државата ќе западне во нова политичка криза.

— реклама —

„На овој начин сака да ги одложи изборите и да избегне одговорност. Сака еднострано да донесе закон наспроти забелешките на правните експерти. Законот го користи како изговор да избега од избори. Првин за шпанската ратификација, па за марихуаната, сега за јавното обвинителство. Ако решат со притисоци да го туркаат, со собирање на мнозинство, тоа е туркање со сила на законот. Овој закон не нуди решенија, правен е за одредена група луѓе да избегнат одговорност. Но, ако го изготват експертите, еве без да го гледаме законот што ќе го направат експертите ние ќе го поддржиме“, рече Мицкоски.

Инаку вчера претседателот на СДСМ Зоран Заев најави дека доколку опозицијата го блокира изјаснувањето на Собранието за законот за ЈО, распишувањето на изборите и распуштањето на парламентот ќе се одложат.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања