Мицкоски: Заев врши притисок врз Уставниот суд за да си обезбеди амнестија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski

ФБ статус на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој на својот профил напиша:

— реклама —

Добивам повеќе неформални информации дека луѓе пратени од Зоран Заев, преку свои канали се јавуваат, вршат притисок и насочуваат точката која се однесува на оценка за уставноста на амнестијата која беше актуелна пред извесен период да се стави за точка на дневен ред на утрешната седница на Уставниот суд. Воедно, ќе потсетам дека Претседателот на Уставниот суд е избран на должноста во периодот додека Зоран Заев е премиер, а можете да претпоставите дека оваа игра е по нивна мерка. Дали одбивањето на СДСМ да гласа за автентично толкување на членови од Законот за амнестија кое самите го предложија, е увертира во игранките за идна амнестија? Бидејќи играњето дупло, не е моја игра, сакам да бидеме на јасно, Зоран Заев е единствениот актуелен политичар кој беше амнестиран, но очигледно е и главниот кој е заинтересиран за некоја идна амнестија поради актуелните афери, што би му ја испорачал Пендаровски. Меѓудругото, Заев сѐ уште молчи за мојот предлог да има забрана за амнестија на политичари и амнестирани лица да не се занимаваат со политика. Молкот кажува дека Заев е лично засегнат и од двата предлога.

— реклама —

Како држава нема успех кога луѓе пратени од Власта диктираат одлуки на судот.

— реклама —

Притисоците врз Уставниот суд, со потпис на Заев нема да овозможат амнестија која ќе ја попречи правдата за криминалците. Тоа треба да го знае секој, сега и во иднина. Компромиси со правдата нема да има. А власта која мисли дека може да ја изигра, многу брзо ќе се соочи со одговорност за кршењето на законите, напиша Мицкоски на ФБ.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1413249562183832

Фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања