Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски застана во одбрана на криминалот на ДПМНЕ, наместо да побара одговорност, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mickoski-1

Последниот случај Феникс го потврди криминалот на ДПМНЕ и покажа дека Мицкоски го брани тој криминал преку Скопје 2014, наместо да побара одговорност од сите инволвирани за кои ќе се докаже дека го прекршиле законот, вели СДСМ

„Најголемата пералница на пари на ДПМНЕ е Скопје 2014, тоа е ултра криминал од невидени размери.

— реклама —

Но, Скопје 2014 е само дел од криминалот на оваа партија.

— реклама —

Бројни судски пресуди со долгогодишни затворски казни, стотици осудени сегашни и поранешни функционери на ДПМНЕ, меѓу кои и за злосторничко здружение се дел од криминалот потврден од надлежни судови.

Дури Белата палата, седиштето на ДПМНЕ е криминално стекната, врз грбот на граѓаните.

— реклама —

Со што го задолжија Мицкоски осомничените, поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ, па ги брани?

— реклама —

Зошто не побара одговорност од сите и целосно расчистување на сите можни случаи?

Очигледно ништо не се променило во ДПМНЕ, тоа е старата, режимска, криминална партија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања