„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мицкоски:Не отстапуваме ни чекор од она што е наше! Скопје протестира и сака слобода која е скапо платена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski

Чувствувате срам поради изјавите на Заев?

— реклама —

Сакате да промените нешто затоа што знаете дека повеќе не оди вака и не сакате да бидете соучесник во газењето по коските и жртвата на Илинденците, Партизаните, хероите?

Сега е времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна, напиша на својот ФБ профил претседатседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски во својата објава додава:

Македонија се обединува против Заев, против заедничкиот противник, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик. Сѐ повеќе луѓе се охрабруваат да застанат во редот на одбраната на она што е свето и за кое се бореле и гинеле генерации, а кое сега се распродава.

Сѐ повеќе граѓани на Република Македонија, кои имаат разлики по многу точки, се обединети во едно - бидејќи знаат дека нема назад од тука. И не отстапуваме ни чекор од она што е наше.

Скопје ја сака слободата која е скапо платена и Скопје протестира. Повикувам на сенароден протест утре, со почеток во 12:30 часот кој ќе заврши пред Владата на Македонија. Поради заразата со корона, протестот ќе биде со автомобили и во 12:30 часот ќе се тргне кон Владата од две локации, СЦ "Борис Трајковски" во Општина Карпош и СЦ "Јане Сандански" во Општина Аеродром.

За доброто на Македонија, порачуваме заеднички: Оставка на Заев, слобода на народот!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања