„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мицкоски:Ви го честитам Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај со надеж дека работниците ќе го добијат заслуженото вреднување и уважување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Hristijan-Mickoski-intervju-8-Custom-960x686

Честитка по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во честитката се вели:

— реклама —

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ го честитам Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај со надеж дека работниците ќе го добијат заслуженото вреднување и уважување. Овој ден е симбол на борбата за работничките права и на изразувањето работничка солидарност. Денес, за жал, голем број граѓани во државата не можат да го остварат едно од нивните основни права, правото на работа, право на плата и пристоен живот. Работничките права се погазени, се обезвреднува и нарушува нивното достоинство. Политиките на владата практично го обезвреднуваат трудот на работникот кој се чувствува незаштитен. Доказ за ова е и последната изјава на министерката за финансии каде всушност рецептот за задржувaњето на бизниси посочи дека е преку отпуштање на работници.

Тоа ќе значи десетици илјади нови невработени и десетици илјади семејства во сиромаштија. Никогаш состојбата со работничките права не била полоша. Постојат масовни отпуштања, за сметка на вработувања на некомпетентни партиски кадри на местото на способните, мобинг и заплашување кон работниците кое поминува неказнето. Работникот мора да го добие потребното внимание.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува, сите одговорни субјекти во државата, пред сé, Владата да ги почитуваат материјално-социјалните права на вработените утврдени во Уставот на Република Македонија, законите и колективните договори, и да придонесуваат за нивно унапредување, користејќи ги механизмите на социјалниот дијалог, колективното преговарање и договарање. Само така ќе градиме современа, демократска, социјална и правна држава.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори против негативните политики на владата, се со цел подобрување на заштитата на работничките права, подобрување на социјалниот статус на работникот во Македонија и обезбедување на негов подобар стандард. Честит ден на трудот - 1 Мај, се вели во честитката од Христијан Мицкоски.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања