Ковачевски почнува опасно да се прави глуп, вели Ивор Мицковски во својот нов статус на социјалните мрежи.
„После нападот на Ахмети на медиумите, кај ги допомоча и индивидуираше медиумите, па изјави дека Ахмети сам знаел што кажува, па немало напад, па не кажал он ништо и не споменал никаков медиум.
Сега за вчерашниот став на бугарскиот министер за надворешни кој пред немиот Бујар кажа: Во Македонија се враќаат црните традиции на палење, стрелање и насилство врз луѓето – Ковачевски вика Милков со изјавата мислел на поранешни времиња.
Реченицата: Во Македонија се враќаат црните традиции на палење, стрелање и насилство, не се однесува на минати времиња, туку низ измислени минати времиња(односно, ревизија на историја) се сугерира дејствување во сегашноста.
Па после вика: На кои времиња точно мисли, ќе мора да каже самиот министер за надворешни работи на Република Бугарија.
Вакво правање глуп е крајно навредливо, пошто перцепцијата на народот е дека и онака веќе не ебете опасно во мозок.
Ја не знам каде мислите дека терате, кога си ја газите државата, уставниот поредок и народот со таква ароганција и безобразлук, да веќе сте политички мртовци кои нигде не одат и ништо не решаваат.
Ај сите нека кажуваат за себе, а ти ќе повтараш само ко папагал, и измеѓу ќе не дупиш меѓу ребра.
Само терај си – Како и до сега…“, додава тој.