Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Мицковски по инцидентот со Усеини: Згрозен сум што провладината јавност молчи, да ви се плукнам во демократите!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
ivor

По вчерашниот инцидент во Охрид, каде според МВР, советникот Нефи Усеини го натепал професорот Илјаз Илјази, со коментар на социјалните мрежи се јави новинарот и колумнист Ивор Мицковски. Тој вели дека е згрозен поради тоа што цела провладина јавност молчи за случајот.

„Веројатно тоа што највеќе ме згрозува од вчерашниот напад на професорот Илjаз Илjази од страна на силеџијата на ДУИ Усеини, (инаку ова му е трет напад врз човек годинава) е што речиси цела демократско провладина јавност молчи за случајот. Нападнат е 60 годишен, колку што можам да видам почитуван професор и експерт за животна средина, од страна на партиска бараба која гради дивоградби во Охрид и крајбрежјето, и никој не му може ништо. Па гледате ли до кој степен сме обединети во трпење на партиското насилие?!  Албанците 17 години го трпат ДУИ, ние 11 години трпевме невидени насилници и благодарение и на Албанците се ослободивме од едно зло, но каква правда е ако вакво криминално здружение владее над сите со вакви силеџии, додека борците за правда станаа дел од криминалот и криминалната коалиција против која декларативно се бореа.

— реклама —

Во едни други времиња ова ќе беше скандал, сега е само игнорирање и „остајте институциите да се погрижат“. Е па институциите година дена не мрдаат со мал прст, и институциите на партиите создаваат вакви насилници. Да ви се плукнам во демократите за едно годишно време.  Нема дно лицемерието во оваа држава, затоа и пропаѓаме толку длабоко“, пишува Мицковски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања