„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мицковски се сретна со претседателите на партиите од Коалицијата „За подобра Македонија“ - разговараа за моменталната ситуација во државава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sredba-1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар на партијата Игор Јанушев и потпретседателот Владо Мисајловски денес оствари средба со претседателите на партиите од Коалицијата за подобра Македонија.

— реклама —

На средбата беше разгледана моменталната општествено - политичка ситуација во државата, зголемениот криминал и корупција, како и загубената надеж на граѓаните во правната држава.

Последните случувања со случајот Рекет и милионското изнудување на пари од бизнисмени, беа оценети како поразителни за правниот систем. Таквата криминална операција која траела со месеци е оценето дека не е можно без знаење на највисоките претставници на власта.

— реклама —

Недејствувањето на ЈО и другите институции, што се огледува преку развлекување на истрагата, ја загрозува нашата европска иднина, и истото е поразително за државата. Недозволиво е поради криминогеноста на власта да страдаат граѓаните и државата.

Мицкоски истакна дека Македонија се соочува со целосна стагнација на сите полиња. Особено во економска сфера. Граѓаните се сѐ посиромашни. Земјоделците понижени, лекарите незадоволни, образовните работници немотивирани.

Заклучено е дека се потребни што е можно побрзи предвремени парламентарни избори, за да се стави крај на агонијата во која е западната државата. За веднаш по изборите да се пристапи кон систематско решавање на проблемите на граѓаните во насока на обнова на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања