Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Мицковски со предлогот Панчевски да биде шеф на новто СЈО сака да го врати „сваровски“ судството, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Pancevski-so-sudot-2

— реклама —

„Христијан Мицкоски уште еднаш докажа дека не му грижа за правдата, не му е грижа за владеењето на правото, неговата единствена грижа е да го одбрани криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Предлогот на Мицкоски, Владимир Панчевски да биде прв човек на новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција е предлог за враќање на „Сваровски“ судството кое работеше по инструкции од белиот дворец. Мицкоски останува посветен на одбрана на криминалот и дејствување против правдата, против интересите на граѓаните и државата. Заврши времето кога политичари бираа јавни обвинители. Панчевски е олицетворение на „Сваровски“ судството преку кое ВМРО-ДПМНЕ ја урнисуваше правната држава и ги погазуваше човековите права и слободи.  Мицкоски е олицетворение на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кој го инсталираше таквото судство“, велат од СДСМ.

— реклама —
— реклама —

— реклама —

„Додека сите работат на изнаоѓање законско решение кое ќе ја зајакне борбата против организираниот криминал, Мицкоски „мртов – ладен“ го кандидира Панчевски, кој е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот и кој давал насоки кој предмет кај кој судија да биде распределен. Јавноста многу добро знае кој е Владимир Панчевски, човекот кој во центарот на Скопје градеше дивоградби кои потоа сам ги уриваше, човек кој беше осуден за мобинг врз судии. Тоа се репутацијата и кредибилитетот на Панчевски за кои денеска зборува Мицкоски. Мицкоски очјано посакува враќање на „Сваровски“ судството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, но тој филм нема да го гледа. Борбата против корупцијата и организираниот криминал е бескомпромисна и не познава партиска припадност“, додаваат од владеачката партија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања