Инспектори на Пазарниот инспекторат биле спречени да извршат надзор во затворениот дел на угостителскиот објект “Винарија” на Боемска улица, по што, два ипол часа останале пред објектот. Додека инсистирале да направат увид, затекнале како политичар излегува од објектот. Ова за “А1он” го потврди инспекторката Мери Продановска, која кажа дека станува збор за лидер на политичка партија. “А1он” дознава дека станува збор за претседарелот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој седел во затворениот дел на угостителскиот објект додека инспекторите не можеле да влезат и да направат увид. Инспекторката Маја Продановска од Дежавниот пазарен инспекторат за “А1он” вели дека првпат им се случува да наидат на ваков отпор.
“На улицата Боемска проверувавме дали и во внатрешноста на кафеаните се врши некоја дејност. Во еден од објектите нашите колеги беа спречени да извршат надзор, да увидат со свои очи дека во објектот не се врши никаква дејност, со објаснување дека објектот не работи и никој нема клуч. Колегите беа упорни и останаа пред објектот. По некое време излегоа од внатре две физички чица, нормално за нас сите се граѓани на оваа држава, но некој препознаа политичар односно претседател на политичка партија. По два ипол часа седење пред објектот, во меѓувреме, излегоа уште две лица кои ние не можевме да ги легитимираме, ниту ги препознаваме. Влеговме во објектот ја утвривме фактичката состојба. Празен беше по два ипол часа. Но има елементи каде се гледа дека се вршело дејност внатре. Кујната беше со храна имаше тањири, корпата беше полна со отпадоци, шишиња”, вели инспекторката Продановска за “А1он”.
фото: