Мицковски за книгата на Груевски: Хитлер не стана предмет на историска дебата оти правел геноцид, така и ти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
Nikola-Gruevski-so-lav-VMRO

Скролајќи по социјалните мрежи приметив дека издавачката куќа на Груевски - Ѓурѓа, имала вистинска фасцинација со диктаторите и крвниците низ историјата.

— реклама —

Па така низ годините имале издадено една серија на дела од Адолф Хитлер, секако неизбежната Мајн Кампф, „Еврејското прашање и христијанството“ потоа „Најзначајните говори на Гебелс“ и книга за Мусолини.

Се разбира и тие книги и дела треба да постојат, па и критички да се проанализираат, но фактот дека ги има насекаде, дури и во супермаркети, говори за една трговско-конзумеристичка логика, која излага од критичкото, и ни наметнува злостори и дубиозни историски личности, како популарни продукти, фриволно и наивно промовирани, веднаш до честитките за роденден, и ќесите за подароци.

— реклама —

Јеботе, Хитлер, честитка, сет ножеви, и можеби кутија со сладолед во корпичката на просечниот Македонец.

Но, тоа што е поочигледно, е колку и ваквите издавачи да се обидуваат, Хитлер никогаш не успеа да стане предмет на некаква си историска дебата, од проста причина што нема што да се дебатира околу промоторот на најголемиот геноцид во историјата на човештвото.

Донекаде истото важи и за нашиот Груевски кој се обидува да изигрува некаков си експерт и да дели памет од непријателска Будимпешта. Нема што да дебатираме со Груевски, треба само да плати и да одлежи затвор за своите криминали и злодела.

Оттука оваа морбидна и промашена фасцинација на издавачката куќа Ѓурѓа со „Чудовиштата на човештвото“, кои сака да ни ги приближи до поп-културата и големите ѕвезди на хоророт како Фреди Кругер и Дракула, кои сепак мора да се признае дека имаат далеку поинтересни психолошки нијанси и карактеристики од Хитлер или Груевски.

Но, да не им даваме нови идеи на Ѓурѓа, и вака, доволно ја промашиле работата.

Фејсбук статус на новинарот Ивор Мицковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања