Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Мицковски за Спасовски: Се е утка до утка, а уште не објаснивте ниту за терористичкиот напад со кој создадовте паника

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
oliver-spasovski

Оваа држава има министер кој во екот на граѓанското незадоволство и барање за промени, и кој редовно не се симнува од екраните, одговара погрешно на сите теми. Поточно, погрешен човек на погрешни теми. Ја коментира книгата на човекот кој му избега, и како тој требало да пишува за криминалот што го сторил. Па тој напиша историја на криминалот, вие не го процесуиравте докрај.

— реклама —

Збори за мерцедесот кој популистички ќе го менуваа за амбуланти, тој за кој се наведува во медиуми дека е одговорен за набавка на партиски и државни коли од еден ист дилер на возила. Дава поддршка за метлата тој што со премиерот не чувствуваше морален хазард за бегството на Груевски. На ниво на итроманство, Зоки би требало да се загрижи од својот близок соработник кој се претставува како се посилен човек во јавноста. Конечно, иде пред камери после полициска акција, и вика како немало да коментира пред камери акции, затоа што биле поразлични од претходниците. Па, што идете пред камери ако немате што да кажете за најактуелните случувања. Инаку со камери кај Груевски кога чукавте на врата, тоа во ред беше. Значи се е утка до утка, демек додека да одмори Зоки, вториот по команда да ни даде одговори, кои не се ни некакви одговори, само празни флоскули, демагогија и реторика.

Никогаш не објаснивте што се случи со иминетниот терористички напад за кој алармиравте во петок навечер, за неопходноста да се создаде паника, и после ништо повеќе да не се каже на темата.

— реклама —

Изгледа не се збори пред камери за такви работи.

Фејсбук статус на новинарот Ивор Мицковски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања