Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Мицскоски: Ние можеби не треба да разговараме за дата за преговори за влез на Македонија, туку отпочнување на новата методологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Mickoski-PRESS-1911-2

Мицкоски по денешната прес конференција одговарајќи на новинарски прашања, даде свој коментар и за францускиот нон-пејпер, но и за тоа колку изгубија пензионерите со укинувањето на вториот столб за трошоците на живот и колку ќе изгубат во 2020?

— реклама —

Христијан Мицкоски: Во моментов, ако ја набљудуваме само 2019 година, пензионерите просечно ќе изгубат 6.900 денари. Значи некој повеќе некој помалку но, во просек тоа е 6.900 денари по пензионер. Да претпоставиме дека од први јануари 2020 година заклучно со 31 декември 2020 година ќе се случат овие 700 денари, тогаш практично на нив ќе им биде вратено она што оваа година го изгубија. А догодина ќе изгубат дополнителни 5,972 денари. Или ако во овие две години просечното требаше пензијата да им порасне за 1.100 денари, таа ќе им порасне само 700 денари. Зборам со укинувањето на вториот столб каде што пензиите се усогласуваат согласно порастот на просечните плати. Но, тоа е таа политика која што за жал денеска е сеуште актуелна во Македонија за среќа на граѓаните е во заминување. Ме прашавте за францускиот нон пејпер. Јас би го коментирал во следната форма, прво е дека ние може ми не треба веќе да разговараме за дата, за преговори за влез на Република Македонија туку отпочнување на новата методологија. Тука има многу прашалници. И тоа ние сега имаме само рамка, оваа рамка треба дополнително да се доуредува, што значи дека ќе отпочне процес на внатрешна дебата во рамките на европските земји членки од ЕУ. Кога ќе заврши тој процес, ниту ние, ниту претпоставувам тие внатре можат во овој момент да ни кажат дали ќе заврши оваа година, другата година или некоја следна година. Значи тоа е првото кое треба да ни е јасно. Дека ова е рамка која што доаѓа како предлог на француската влада и за оваа рамка да се доуреди е потребна суштината. А суштината дополнително ќе отвори внатрешна дебата во рамките на ЕУ. Да претпоставиме дека во најскоро време ќе биде донесена и суштината и дека ние ќе имаме методологија. Тоа значи дека врз основа на таа методологија ние ќе имаме ревирзибилен процес кој што во минатото не беше случај, односно кога една земја кандидат ќе отвореше поглавје, преговараше за тоа поглавје и кога ќе го затвореше, немаше потреба тоа поглавје повторно да се отвора. Но очигледно земјите членки констатирале дека тука има некои недостатоци, односно практично дека се почитува договореното се додека не се затвори поглавјето, а дури потоа има можеби некакви варијации и отстапување во негативна смисла. Токму затоа сега се наметнува правилото на ревирзибилност. Доколку вие отворите поглавје, го преговарате и го затворите и не се држите до договореното кога сте го затвориле поглавјето, тогаш некој има можност да ве врати повторно од почеток. Таа можност може да биде објективна, доколку навистина не сте добар и не сте го испочитувале тоа што е договорено. Или пак да биде субјективна ако некои земји членки испорачаат од вас субјективни барања а вие во тој момент не сте спремни да ги прифатите како црвени линии и така натаму, тогаш тие секогаш ќе имаат можност да ве вратат во почетокот на тој ревирзибилен процес.

— реклама —

Се надевам дека тоа нема да биде случај со Македонија и се надевам дека тоа што ќе го договориме ќе го почитуваме кога ќе ги затвараме тие поглавја, а сите земји дали тоа ќе биде објективно или субјективно тоа ќе го почитуваат. Она што за мене е одлична идеја е што имаме можност да ги користиме фондовите веднаш откако ќе биде затворено некое од поглавјата. Јас доаѓам од образованието, доаѓам од универзитетот.

— реклама —

Во минатото беа темпус проекти меѓународни, јас сум искористил еден од тие проекти, сум бил во Германија, во Австрија, сум поминал магистратура во Италија и знам какви се можностите. Потоа дојде Еразмус програмата која што ни даде можност за размена на знаења, да се надградуваме и така натаму. Добро е што сега ќе имаме и ресурси откако ќе го затвориме поглавјето за образование, за да набавиме некој хардвер, да имаме надгледни средства на универзитетот. Бидејќи знаете дека буџетот беше лимитиран во минатото, а вака што сега се троши на непродуктивни работи и расфрлања, тогаш не верувам дека некому паѓа на памет да купи некоја нова лабораторија, да купи некој хардвер на универзитетите за да може да се стекнеме со знаење. И сосема на крај зошто ова го кажувам, ајде што го украдоа насловот за буџетот за инвестирање кај граѓаните од Индонезија, затоа што насловот таму беше “Инвестираме во граѓаните”. Ајде што тоа е погрешно и на реторика и на филозофија, туку тоа е класичен поткуп, со финансии не се инвестира во човечкиот потенцијал, се инвестира со знаење. Наместо да ги искористат тие средства кои денес се обидуваат да тргуваат со граѓаните на Македонија, наместо да ги искористеа и да испратеа со стипендии луѓе да се доквалификуваат, па тие луѓе да донесат знаење, па тоа знаење да го пренесат преку трансфер на знаење на генерациите што следат, ќе направат штета која што потоа ќе ни треба долги години за да се санира. Тоа е суштината на предлогот на нон пејперот, да имаме одржливост а не само реторика, а да немаме никакви испораки. Тоа е суштината која денеска на нас ни ја предочија неколку влади, неколку земји членки на ЕУ, истакна Мицкоски.

— реклама —

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања