„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Мијалков и Камчев во куќен притвор, наместо во „Шутка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Kamcev-Mijalkov

СЈО одлучило да дозволи осомничените во случајот „Империја“ да бидат пуштени од затворот „Шутка“ и останат во куќен притвор, пишува „Макфакс“. Со ова, наместо во ќелија, дома ќе седи ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, заедно со бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески кои се осомничени во случајот „Империја“ на СЈО.

— реклама —

Истрагата „Империја“ којашто денеска ја отвори Специјалното јавно обвинителство повторно во фокус ја става мрежата бизниси во чиј центар е поранешното пријателство меѓу Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

Другите луѓе што СЈО ги именува како опфатени со истрагата пријателски или роднински се врзуваат со нив или во некоја точка од времето соработувале со Мијалков или со Камчев.

— реклама —

Против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски Специјалното јавно обвинителство има основано сомневање дека во периодот од 2002 година до 2013 година сториле кривични дела. Се работи за нов случај на СЈО, „Империја" за основано сомневање за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања