Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мијалков ја слушал и сопругата на Заев, објавено и колку време

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaeva

Обвинителката Ленче Ристоска во завршниот збор за случајот „Таргет и Тврдина“, истакна дека има три категории на оштетени лица од масовното незаконско прислушување во УБК.

— реклама —

Таа прочита за секој од оштетените колку денови бил прислушуван, па така на пример сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева, била прислушувана 285 дена, новинарката Оливера Трајковска била прислушувана на три телефона и тоа по 400, 638 и 1.589 дена. Новинарот Васко Попетрески бил „таргет“ 954, 222 и 1.588 дена, на три телефона.

Уредничката на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова, била нелегално прислушувана 401 и 315 дена на два телефона, Горан Михајловски 362 дена, Младен Чадиковски 471 дена, Фатмир Бесими 1.422, Хари Костов 746 денa, објави ФОКУС. 

— реклама —

Организатор на нелегалното прислушување во УБК бил тогашниот директор Сашо Мијалков. Од него не очекуваме да признае дека ја организирал групата, бидејќи за цело време се трудел да ги сокрие трагите.

Ова во завршниот збор за случајот „Таргет и Тврдина“ го поентираше обвинителот Трајче Пеливанов.

Текстот во целост на: ФОКУС. 

фото: Дневни Новости

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања