Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Мијалков ќе оди на лекување во странство, си го бара пасошот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mijalkov-2

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, бара судот да му го врати пасошот за да оди да се лекува во странство.

Според нашите информации, Мијалков отишол во СЈО со еден куп медицинска документација со која побарал да му биде вратен пасошот кој му се наоѓа во Кривичниот суд како една од мерките за претпазливост, откако беше пуштен од притвор за случајот „Титаник 2“, пишува Независен.мк

— реклама —

Специјалното јавно обвинителство испратило негативен одговор до Кривичниот суд, односно обвинителката која го води случајот, Фатиме Фетаи, проценила дека Мијалков нема доволно аргументи за да му биде вратен пасошот, а мислењето оттаму било потпишано од шефицата Катица Јанева или од нејзините заменички.

— реклама —

Од Кривичниот суд потврдија дека Мијалков месецов поднел барање да му се врати пасошот, но Кривичниот совет уште не донел одлука. Сепак, оттаму велат дека поранешниот директор и претходно си го барал пасошот назад, а месецов го поднел последното барање.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања