Мијалков: Ликови како Палевски, прават штета и на партијата и на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

„Никогаш до сега ликот Палевски не сум го пријавувал за пуштање на нелегални снимки, исто како и за конкретниот претрес вчера за кој што немам поднесено кривична ниту било каква друга пријава. Што се однесува до Палевски моето мислење веќе сум го кажал. Впрочем неговите јавни настапи против НАТО, ЕУ и САД повеќе говорат за тоа чии интереси застапува и брани. НАТО, ЕУ и САД не само што се стратешки приоритети на Македонија, туку се стратешка определба и на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Палевски сам по себе не е достоен и не заслужува коментар, но тоа што загрижува се информациите дека некои политички центри и советници се потпираат на него, блиску соработуваат и преку него пласираат лаги и манипулации, а се со цел за моја лична дискредитација и намалување на мојот авторитет и влијание од кое што се исплашени. Ваквите ликови како Палевски и сите кои го храбрат и хранат со дезинформации, прават штета и на партијата и на државата. Да имаа храброст и аргументи немаше да ги пласираат преку лик како него. Што се однесува до конкретниот случај, го повикувам МВР и ЈО да соопштат по чија наредба постапиле.

Трагично е што овие ликови и нивните нарачатели, наместо да се фокусираат на изборната битка и освојување на поддршката на граѓаните се занимаваат со измислување на физички пресметки, монтирање на фотографии, а сега и со некакви пријави, стои во демантот на Мијалков, откако Палевски во видеото на фб го обвини дека стои зад прретсресите во мотелот ВИП каде што е во карантин, но и во неговиот дом.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања