Иако Камчев во едно од своите интервјуа тврдеше дека веќе не комуницира со Мијалков, сепак токму неговиот долгогодишен пријател и бизнис-партнер му јавил дека ќе се врши претрес во неговиот дом. Мијалков дознал во последните моменти кога веќе се формирале екипите за претрес и тајноста на планот на СЈО била издадена. Поточно, кога Мијалков дознал, не му јавил директно на Камчев, туку на неговиот бизнис-партнер Ненад Јосифовиќ кој, пак, го известил најбогатиот Македонец. Иако тврдат дека не комуницираат, сепак бизнисот ги спои двајцата партнери, па по дојавата Камчев сокрил предмети кои биле во неговиот сеф и неговиот мобилен телефон.
Тоа укажува дека доколку би бил пуштен да се брани од слобода ќе ја попречува кривичната постапка преку влијание врз сведоци и соучесници, поради што и понатаму постојат причините за продолжување на мерката куќен притвор против обвинетиот“, смета СЈО.3
Целиот текст прочитајте го на Независен.мк.
Најбогатиот Македонец, Орце Камчев, по два месеца поминати во притвор во Шутка и два месеца поминати во куќен притвор, од вчера е слободен. Врховниот суд ги прифати жалбите што ги поднесоа Камчев и останатите осомничени во случајот „Империја“, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, со кои бараа да бидат ослободени и од куќен притвор.