Судот го одбил барањето на ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, со времен пасош, да се лекува во Чешка.
„Советот на одржана седница по разгледување и ценење на барањето и мислењето на надлежното обвинителство донесе решение со кое барањето го одби како неосновано“, стои во одлуката на Кривичниот суд.
Мијалков може да се жали против решението на Апелација во рок од три дена.
Според информацииte, Мијалков отишол во СЈО со еден куп медицинска документација со која побарал да му биде вратен пасошот кој му се наоѓа во Кривичниот суд како една од мерките за претпазливост, откако беше пуштен од притвор за случајот „Титаник 2“.
Мијалков е обвинет во „Тврдина-Таргет“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“, предмети на СЈО.