Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Мијалков не се сеќава на разговорите со Јанкуловска за “Монструм”, вели дека поминале 8 години и тоа е нормално

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mijalkov

Како прв сведок сведочи Сашо Мијалков кој објаснува кога и како слушнал за случајот Монструм.

“За случајот Монструм слушнав малку покасно од моментот кога се случи. УБК собираше податоци и информации и оперативни сознанија. На овој случај беа ангажирани повеќе луѓе од УБК. Одкако е поднесњно обвинението беа правени и анализи кои беа од интерес на управата”, сведочеше Мијалков.

Мијалков на прашање рече дека обвинетите од “Монструм” ги знае по физиономија од медиумите, но не и лично.

“Целата истрага ја водеше БЈБ, беа разменувани информации на дневна основа. Поминаа 8 години, мислам дека треба да ме разберете”, рече Мијалков на пршањето дали некогаш го видел исказот на загрозениот сведок.

— реклама —

Обвинителката Фатиме Фетаи го потсети сведокот н некоја анализа за која Мијалков во телефонски разговор зборел со поранешната министерка за внатрешна Гордана Јанкуловска.

— реклама —

“Правени се многу анализи, но за оваа конкретно анализа не можам да се сетам”, вели Мијалков.

Тој потенцираше дека имал и контакт со Мусат Џафери.

— реклама —

Фетаи му посочи за разговор со Џафери на кој му вика дека не е во тек со судската постапка на случајот Монструм, но дека ќе провери за некои од сведоците.

Мијалков на ова одговори дека разговарал со Џафери но дека не се сеќава конкретно на овој разговор. Тој додаде и дека не се сеќава дека превзел некакви чекори во врска со екстрадицијата на обвинетите во случајот „Монструм“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања