Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Мијалков Новата година ќе ја дочека во хотел „Мериот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mijalkov-2

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков ќе добие домашен притвор, откако СЈО даде согласност да му се одреди полесна мерка за обезбедување присуство, дознава „Скопје 1“.

— реклама —

Како живеалиште, во личната карта на Мијалков е впишана адресата на хотелот „Мериот“, велат извори за „Скопје 1“, кои додаваат дека тој таму ќе остане и за Нова година. Со оглед дека во склоп на хотелот има и други угостителски објекти, Мијалков ќе може Новата година да ја дочека во убаво друштво, на добра забава.

— реклама —

Од судот немаа дециден одговор дали уште денеска може да се очекува одлука или евентуално во понеделник. Мијалков засега е единствениот од случајот „Империја“ кој е во притвор.

— реклама —

Тој оваа мерка ја доби на 2 декември, откако претходно му беше укинат за предметот Тврдина – Таргет. Инаку, денеска Апелацискиот суд во претпладневните часови на затворена седница го укина притворот за Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски – двајцата обвинети во предметот Титаник 1.

— реклама —

Во домашен притвор заминуваат и Зорица Арсовска и Ненад Јосифовиќ кои исто така беа притворени за истрагата „Империја“. Тие им се придружија на Орце Камчев и Цветан Панделевски, кои од вчера ја напуштија Шутка. Кон обвинетите е изречена и мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања