Професорката Мирјана Најчевска постави теза околу тоа како Сашо Мијалков седи во полуотворен тип на затвор во Струга, а Гордана Јанкуловска со години отслужува казна во затворот во „Идризово“.
„Интересно, Мијалков се шета наоколу а Јанкуловска си седи во затвор. Изгледа ова по принципот кој повеќе украл повеќе може да плати и да си ја купи слободата? Се разбира за финкционерите од ДУИ ова не важи тие живеат во паралелна реалност во која се заштитени од било каков прогон за било какво криминално дело“, пишува Најчевска.