Обвинетиот поранешен директор на УБК Сашо Мијалков во денешното прво сведочење во тригодишниот судски процес за масовното незаконско прислушување, тврди дека нема ниеден доказ дека илјадниците снимени разговори се од Управата и дека таму се вршело прислушувањето, објави СДК.МК.
„Ако ги снимал разговорите во УБК сведокот Ѕвонко Костовски и ги режел во Управата, можеше да се споредат тие цедеа со цедеата во УБК од посебните истражни мерки, но такво нешто нема”, рече Мијалков.
Тој тврди дека многу лесно можело да се прислушува надвор од системите на УБК.
„Такво нешто ми беше презентирано од израелска компанија за високософистицирана опрема, дека е можно следење на комуникации на мобилната телефонија надвор од Управата, преку телефонските оператори. Опремата беше составена од 3 лаптопа и една мала антена од неколку сантиметри. Таа опрема ја нарекуваат дпл, за детектирање, превенирање и лоцирање. На еден од лаптопите пред сите излезе телефонска комуникација од повеќе разговори, преку нашите мобилни оператори. На презентацијата беше и Ѕвонко Костовски”, тврди Мијалков.
Избеганиот поранешен премиер Никола Груевски во 2015 година на прес-конференција тврдеше дека странски служби со жолти комбиња преку двојни базни станици го вршеле масовното прислушување.
Текстот во целост на: СДК.МК.