„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мијалков за исфрлањето од ВМРО-ДПМНЕ: Со жалење ја примив одлуката, ова не е исправно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mijalkov-1

Со жалење ја примив одлуката на Централниот Комитет на мојата партија, бидејќи од формирањето на ВМРО ДПМНЕ па до денес, бев и ќе останам верен на идеите и постулатите на организацијата. Свесен сум дека партијата е соочена со многу предизвици и дека ова раководство, како и претходните, го очекуваат историски важни одлуки за иднината на Република Македонија и за ВМРО ДПМНЕ. Ова го изјави Сашо Мијалков за Прес24.

— реклама —

- Секое раководство го носело товарот да обезбеди модерна и просперитетна Република Македонија која ќе биде членка на ЕУ и НАТО. Истиот товар го носи и ова раководство и нивна е одговорноста дали организацијата што ја наследиле и сите капацитети на партијата ќе ги користат за внатрепртиски поделби и чистки или за демаскирање на лошите политики на СДСМ и побргу враќање на власт. Новото раководство ја носи одговорноста дали партијата ќе биде респектиран партнер во рамки европските народни партии или ќе заглави во изолација. Новото раководство ја носи одговорноста за доследност на историските принципи на партијата и стратешката ориентација кон ЕУ и НАТО, вели Мијалков по одлуката за негово исклучување.

- Како долгогодишен член и функционер, чувствувам потреба да кажам дека на партијата во овие моменти и е потребна инклузивност, а не исклучувачки политики. Во моментов на партијата и е потребно обединување и водење со разум , а не емоции. Во моментов на партијата не и е потребно креирање лажен наратив и непостоечки околности со кои што се оддалечуваме од стратешките определби и влегуваме во изолација. Дали актуелното раководство ќе ги прими овие добронамерни совети или ќе продолжи да продуцира невистини и да бара непријатели таму каде што ги нема е нивна одговорност. Мое е да потсетам дека партијата не е сопственост на актуелното раководство како што не беше сопственост на претходното или тоа пред него. Јас сум убеден дека синоќешната одлука не е исправна , но тоа нема да ме поколеба во мојата определба за натамошна поддршка на модерно, десноориентирано ВМРО ДПМНЕ, кое заедно со сите сестрински партии ќе ги брани интересите на Република Македонија во Европската Унија. Нека ни е честит и вековен празникот !125 години ВМРО - 125 години борба за Македонија ! Борбата продолжува !Да живее ВМРО ! Да живее Македонија !, вели тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања