„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
viber_image_2024-10-14_08-20-31-722

Македонија продолжува да блеска во светот на танцот, а Мила Србиноска од клубот „Брејк А Лег“ е најновиот бисер на нашата танцова сцена. На Светското првенство во хип-хоп и стрит денс, што се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, Мила ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија, во жестока конкуренција од 174 натпреварувачи.

— реклама —

Настапот на Србиновска беше фантастичен, полн со енергија, креативност и техничка прецизност, оставајќи го без здив жирито, но и публиката. Оваа победа е доказ за нејзината упорност и работа, и ќе претставува инспирација за сите млади танчери во нашата земја. Македонската репрезентација е меѓу најбројните на шампионатот, а своите учесници на првенството имаат клубовите „Брејк а Лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит Да Бит“ и „Уан веј“.

— реклама —

Во саботата, публиката можеше да го проследи официјалното отворање на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024 и да сведочи на спектакл кој не се опишува. Во рамките на Парадата на нации, на танцовиот подиум продефилираа над 1700 натпреварувачи, создавајќи спектакуларно шоу на движење, ритам и креативност. Танцувачи од сите возрасти и стилови се собраа заедно на сцената, носејќи дух на единство и страст за танцот. Отворањето беше збогатено и со настапот на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, кое извесе незаборавенперформанс на народни игри и ора од Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања