Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Мила Србиновска е европска вицешампионка во хип-хоп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-library4nk71bvs461d4sLSCqF

Македонската репрезентативка Мила Србиновска освои сребрен медал на Европското првенство на Меѓународната танцова организација (IDO) во дисциплината „All Style Battles“, кое се одржа во Клагенфурт, Австрија.

— реклама —

Србиновска настапи како дел од репрезентацијата на Македонија и го освои второто место во категоријата „Hip Hop Battle Solo Junior“, со што се закити со титулата европска вицешампионка.

— реклама —

Со овој успех, таа уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите млади хип-хоп танчерки во Европа. По титулата светска шампионка во 2024 година, Србиновска продолжува да бележи врвни резултати и на европската сцена, претставувајќи ја Македонија на највисоко ниво.

— реклама —

Освоениот сребрен медал претставува уште едно значајно меѓународно признание за македонскиот спорт и танц, а настапот на Србиновска во Клагенфурт беше уште една потврда за нејзината посветеност, квалитет и борбен дух.

— реклама —

Македонската репрезентативка покажа голема борбеност во текот на натпреварувањето и успеа да стигне до финалето, каде го освои сребрениот медал и ја израдува македонската јавност со нов европски успех.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања