Миле Талески : Северна Македонија напредуваше во извештајот на ГРЕКО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Силната заложба и посветеност на Владата предводена од СДСМ за борба против криминалот и корупцијата и за владеење на правото, даваат резултати кои се и меѓународно признати.  Потврда за тоа е последниот извештај на Телото на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди во земјите – ГРЕКО кој нотира значаен напредок на Република Северна Македонија во делот на исполнување на препораки од четвртиот круг на евалуација, истакна Миле Талески пратеник од СДСМ.

— реклама —

Во извештајот е констатирано дека Северна Македонија прави голем исчекор – досегашната оценка за усогласеност со дадените препораки на ГРЕКО беше „генерално незадоволителна“ а сега таа се искачува на „задоволителна“.

— реклама —

Благодарение на преземените реформски чекори на Владата предводена од СДСМ, Република Северна Македонија ја напушта групата на „глобално незадоволителни држави“.

— реклама —

Ова почитувани, е дополнителен мотив за Владата, за институциите да продолжат со силна борба против криминалот и корупцијата. Уште во првите денови од мандатот преку рушење на дивоградбата кај „Мавровка“ преку бројните ефикасни и неселективни акции на МВР, Владата предводена од СДСМ покажа дека доаѓа време на ред, правда и дисциплина на сите нивоа.

Доаѓа време и на темелно прочистување на судството и зајакнување на капацитетите на правната држава која неселективно и ефикасно ќе се бори против секое прекршување на законите.

СДСМ останува силно посветена на реформите што обезбедуваат силно, независно и професионално правосудство кое ќе испорачува правда за сите.

Продолжуваме уште повеќе со реформите, за да биде уште подобро за сите, истакна Миле Талески пратеник од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања