Миленко Неделковски објави статус на својот Фејсбук профил во кој вели дека нема поголемо национално предавство од ова на Тодор Петров и бара што побргу дијаспората да го набрка од СМК.
“Нема поголемо национално предавство од ова на Тодор Петров. На ист начин, како иницијатор, што со безпотребен референдум дозволи да се озваничи територијалната поделба, така сега сака да ја уништи народната воља од 30- ти септември.
Што побргу дијаспората го набрка од СМК овој соработник на полициските тајни служби, тоа поарно. Јане Ченто маченикот да дојде на негово место.
Наместо ненародни и анти-државни референдуми да организира (нели е сомнително што режимот на Заев толку лесно и без пречки му дозволи да собира 150К потписи???), јавно нека излезе на прес конференција да каже како и кога ќе помогне браќата Југ, Горан и Јане да бидат пуптени од притвор? Или они на слобода, би бил огромен проблем за него“, напиша Миленко Неделковски на Фејсбук.