„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Милески: Опасност од домино-ефект и сеизморефлекс во Македонија нема, кај нас доминираат напречни раседно-сеизмогени зони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1albanija-zemjotres

ФБ статус на професорот Ивица Милески, правен експерт професорот од Природно Математичкиот факултет при УКИМ и еден од водечките европски научници во својата област :

— реклама —

„Моја почит и сочуство кон жртвите од земјотресот во Албанија, а повредените што побрзо да закрепнат. Според магнитудата од 6,4 степени, овој земјотрес е двојно посилен од Скопскиот во 1963 година (6,1 степени). Длабочината помеѓу 10-15 km, силината, како и положбата на хипоцентарот на контактот на Јадранската тектонска плоча (како рабен сегмент на Африканската мега континентална плоча), со Балканската плоча (како сегмент од Европската или Евроазиска мега континентална плоча), предизвика земјотресот да се почуствува на широк простор во радиус од речиси 1000 km од епицентарот. Како што е вообичаено, следеа десетици афтершокови во епицентарот (а ќе следат стотици други), но и долж контактната зона на колизија на плочите.

Опасност од домино-ефект и сеизморефлекс во Македонија нема, затоа што кај нас доминираат напречни раседно-сеизмогени зони. Можни се појави на последователни земјотреси само во контакт зоната долж источната маргина на Јадранската плоча. Кај нас може да се спие мирно, бидејќи интензитетот на афтершоковите ќе биде послаб и без последици. Инаку за очекување е по двата силни овогодинеши земјотреси во Албанија, до крајот на годината сеизмичката активност да се смири, барем во овој регион на државата“, напиша Милески на ФБ.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања