„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Милевски: Ги приближуваме руралните средини кон градските

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
IMG_9074

— реклама —

Целосна реконструкција на објект во село Ивањевци општина Могила на повеќенаменски простор поддржана од Министерство за локална самоуправа во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година. Вкупниот буџет за овој проект за развој на Пелагонискиот плански регион е 5.490.279 денари од кои 1.860.000 денари се обезбедени со кофинансирање од страна на Општина Могила.

- Реконструкцијата опфати и изградба на повеќенаменски простор кој ќе служи за обезбедување на услуги од административно социјален карактер на жителите од овој дел од регионот со цел подобрување на условите за живот во руралните средини и намалување на разликите помеѓу поразвиените и помалку развиените средини преку овозможување на социјални услуги од регионално значење, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

— реклама —

Министерот објасни дека дел од објектот ќе служи за обезбедување на услуги за жителите од матичното одделение во Битола, овој простор се користел за оваа иста намена до пред 4 години како подрачно одделение на службите од Битола, меѓутоа поради немање на елементарни услови овие услуги во последните години жителите на овие населени места не можат да ги остварат во село Ивањевци и мораат да патуваат до Битола, што дополнително им го отежнува добивањето на овие услуги и им одзема повеќе време.

- Во рамките на овој објект планиран е и простор за Центар за ран детски развој кој ќе згрижува деца од соседните општини имајќи ја во предвид местоположбата на селото. Останатиот дел од просторот се планира да се искористи како канцеларија за Агро Акцелератор кој земајќи во предвид дека поголем дел од населението што гравитира на оваа територија се занимава со земјоделие, ќе ги опслужува заинтересираните земјоделци и земјоделски стопанства не само од општина Могила туку и од соседните општини, изјави градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска.

Овој проект овозможува доближување  на услугите од Управата за водење на матични книги во Битола со подрачно одделение во Ивањевци непосредно до жителите на општините Могила, Новаци и Демир Хисар и намалување на диспаритетот помеѓу урбаните и руралните средини во остварување на правата на граѓаните.

 - Ги следиме барањата и потребите на општините и во координација со градоначалниците и Министерство за локална самоуправа работиме на подобрување на животниот стандард во Пелагонискиот регион. Ова е само еден од проектите кои што Центарот за регионален развој на пелагонискиот плански регион ги имплементира во Програмата за регионален развој за 2019, вкупно беа 8 регионални проекти во износ од 40 милиони денари. За 2020 година одобрени се 4 регионални проекти во кои се вклучени сите 9 општини од овој регион, износот на сите проекти изнесува околу 38 милиони денари, додаде директорот на Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче.

фото: Министерство за локална самоуправа МЛС

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања