Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Милевски Панта: „Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarygieq2v3vianj1X3gOXk

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Карпош, Панче Милевски Панта, денеска јавно побара одговори од градоначалникот Сотир Лукровски, прашувајќи зошто не им се обраќа на граѓаните и дали е во состојба да ја извршува функцијата.

— реклама —

Според Милевски, официјалното боледување на Лукровски завршило на 29 мај, но оттогаш тој не се појавил на работното место, а јавноста не добила објаснување за причините за неговото отсуство, ниту информација кој ја раководи Општина Карпош во меѓувреме.

— реклама —

„Не навлегуваме во ничија здравствена состојба и на секој човек му посакуваме добро здравје. Но, граѓаните имаат право да знаат дали градоначалникот е способен да ја извршува функцијата за која е избран и дали општината има активно раководство“, порача Милевски.

Од СДСМ оценуваат дека Карпош се соочува со институционален хаос, а вината ја лоцираат кај, како што велат, лошите кадровски и политички одлуки на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

Тие упатија повик до Лукровски, доколку не е во можност да ја извршува градоначалничката функција, да покаже лична и политичка одговорност, јавно да ѝ се обрати на јавноста и да поднесе оставка.

„Со тоа ќе се овозможат услови граѓаните на Карпош сами да одлучат кој ќе ја води општината во наредниот период. Карпош заслужува функционална општина и институции што работат во интерес на граѓаните, а не на партиските калкулации“, истакна Милевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynjuh72b6minu5nPsq72

Следуваат нови поскапувања, а Мицкоски ги одбива мерките за повисоки плати, тврди СДСМ

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 1 ден

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 4 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања