Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Милевски: Со целосно реконструирани ски-лифтови по 40 години на Пониква се создаваат услови за зимски туризам, на ред се Кожув и Пелистер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
DSC_2852

По 40 години Министерството за локална самоуправа со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка ги реконструираше во целост двата ски лифта на Пониква со што ова место полека добива лик на зимски туристички центар, што е од исклучителна важност за развојот на Источниот плански регион, но и за целата држава, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

— реклама —

- Имаме прекрасна природа и одлични терени за зимски спортови во земјава. Министерството за локална самоуправа ги има идентификувано развојните потенцијали на планските региони и веќе работи на подобрување на условите за развој на туризмот на Попова Шапка, во Маврово, еве овде на Пониква, а следните инвестиции ќе бидат на Кожув и на Пелистер, рече тој.

— реклама —

Милевски појасни дека за реконструкција на двата ски лифта на Пониква се потрошени пет милиони денари, а дополнително со подобрувањето на патната инфраструктура на ова подрачје , се зголемуваат потенцијалите за развој на туризмот, а тоа значи повеќе гости, отворање на нови мали бизниси, нови вработувања, економски развој.

- Источниот плански регион станува атрактивен и за поголеми инвестиции и нови вложувања. Фактот дека 40 години не било инвестирано ништо или многу малку, овде на Пониква, зборува колку сме пропуштиле како држава. Слична е состојбата и на Пелистер. Владата и Министерството за локална самоуправа ќе продолжат со поттикнување на развојот на планските региони. Време е максимално да ги искористиме сите потенцијали, дополни Милевски.

— реклама —

Тој рече дека нашата држава може да биде атрактивна и конкурентна туристичка дестинација во регионот и да привлече туристи од соседните земји, па и пошироко.

— реклама —

- Ќе продолжиме да градиме европски стандарди дома, зашто тоа е начинот за европеизација на државата. Со вложување во инфраструктурата, во развојот, во отварање на нови можности за нашите општини и граѓани, рамномерно во сите делови на државата, најави Милевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања