Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Милевски: Во наредните 10 дена спроведуваме широк процесна консултација за новата Програма за локален развој и децентрализација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mileski

Министерството за локална самоуправа почнува со подготовка на нова Програма за локален развој и децентрализација, документ со кој Владата ги определува целите и приоритетите за развој на локалната самоуправа и спроведувањето на процесот на децентрализација, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

- Документот ќе биде 6 годишен и ќе биде покриен со два тригодишни Акциски планови. Програмата ја подготвуваме со поддршка на УНДП. Програмата за локален развој и децентрализација е документ кој што секторски навлегува во политиките на скоро сите министерства и затоа е неопходно директно учество на сите, вклучувајќи и други надлежни институции, ЗЕЛС, локалните власти и граѓанскиот сектор. Од денеска во наредните 10 дена, секој ден ќе се одржуваат тематски консултативни он-лајн состаноци со сите засегнати страни, порача тој.

— реклама —

Како што објасни Милевски целта на документот е да се одредат приоритетите и мерките кои ќе ја подобрат функционалноста на локалната самоуправа од сите аспекти.

— реклама —

- Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП во изминатите две години има организирано десетина форуми на кои што имаа можност сите инволвирани страни да ги пренесат своите знаења и искуство. Во целиот процес влегуваме подготвени, со веќе скицирани приоритети кои што и во наредните денови ќе бидат дискутирани. Исто така ќе биде разгледана и правната рамка и евентуална потреба од нејзино менување, рече Милевски.

Според Милевски, приоритет на Владата е децентрализацијата да продолжи во сите области каде што условите се зрели за пренесување на нови надлежности и соодветни финансиски средства.

— реклама —

-Едно од клучните прашања е фискалната стабилност и одржливост на општините. Тука очекуваме најголем придонес од Министерството за финансии и од министерствата кои што финансираат надлежности преку блок дотации. Предлагаме воведување на систем за порамнување како поддршка на помалите и посиромашните општини и систем за перформанси, како награда за поуспешните. Исто така и преиспитување на блок дотациите, за да обезбедиме поправична распределба на средствата за сите општини. Наместо институционална да обезбедиме функционална децентрализација, рече тој.

— реклама —

Вториот исто толку важен приоритет што го посочи Милевски е локалниот економски развој, како и подинамичен, зелен локален раст и развој.

-Акцентот го ставаме и на услугите-административните, преку нивна дигитализација, комуналните, социјалните услуги кои што се споделена надлежност меѓу локалната и централната власт и секако потребата од подобрување на механизмите за транспарентност, отчетност и вклученост на граѓаните, рече Милевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања