Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Мили Боби Браун: По крајот на „Stranger Things“ стравував дека ќе ги изгубам пријателите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Магазин
media-librarygsrtokn3h8fp4fnpD3q
screenshot youtube

По десет години минати на снимањето на една од најпопуларните серии на денешницата, Мили Боби Браун отворено проговори за емоциите што ги почувствувала по завршувањето на серијата „Stranger Things“ и за стравот дека ќе се оддалечи од своите колеги.

Популарната серија, која се прикажуваше на Нетфликс цела деценија, заврши кон крајот на 2025 година со големо двочасовно финале. Браун практично порасна на снимањето, бидејќи имаше само 12 години кога беше емитувана првата сезона.

— реклама —

Заедно со неа, низ годините созреваа и нејзините колеги Фин Вулфхард, Кејлеб Меклафлин, Сејди Синк, Гејтен Матарацо и Ноа Шнап. Иако јавноста ги смета за исклучително блиска екипа, актерката признала дека стравувала дека по завршувањето на серијата ќе престанат редовно да комуницираат.

Во гостување во поткастот „Happy Sad Confused“, таа открила дека во јануари им испратила порака на сите за да провери дали нивното пријателство останува исто.

— реклама —

„Веројатно мислеа дека сум луда. Ги прашав нешто во стилот: ‘Сè уште сме пријатели, нели? Нема да престанете да ми се јавувате?’ Им реков и дека ми е жал ако некогаш сум ги вознемирила и само се обидував да ги изгладам работите“, изјавила Браун.

Актерката признала дека периодот по завршувањето на снимањето бил многу тежок за неа.

„Поминаа десет години и навистина сакам да останеме пријатели. Тие ми се како браќа и сестри. Бев на плажа, беше прекрасно, а јас само седев и плачев. Тоа беше многу тежок период за мене“, рекла таа.

— реклама —

Браун истакнала дека малкумина можат да разберат како е да се биде дел од „Stranger Things“.

„Почнав да ја снимам серијата кога имав десет години. Тој лик бев јас, а тие луѓе беа поприсутни во мојот живот отколку моето сопствено семејство. Ги гледав почесто отколку што одев дома на вечера со моето семејство. Да се простиш од сето тоа по десет години беше исклучително емотивно и Единаесет ќе ми недостига повеќе од сè“, изјавила актерката.

— реклама —

Ѕвездата открила и дека по завршувањето на серијата се соочила со блага депресија.

„Западнав во некаква блага, блага депресија. Ми беше навистина тешко. Не го очекував тоа по крајот на серијата. Инаку сум многу опуштена личност“, признала Браун.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања