Мили ужива на Сицилија: го посети местото Корлеоне од каде потекува семејството од филмот „Кум“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
mili

Директорот на музичката продукција на Гранд, Александар Милиќ Мили е на одмор на Сицилија. На Инстаграм објави неколку фотографии од Сицилија на кои покажа како ужива. Посебно внимание привлече фотографијата на која Мили позира на влезот во местото Корлеоне, од каде потекнува познатото семејство Корлеоне од книгата и филмот „Кум“.

— реклама —

Тој обожава да патува и слободното време се труди да го искористи за посета на некоја интересна дестинација. Музичкиот директор на „Гранд продукција“ обожава да запознава нови култури, знаменитости, уметнички дела, па неодамна престојуваше во Швајцарија каде присуствуваше на изложбата на Жан Мишел Баскија, почитуван уметник од крајот на г. 20-ти век.

— реклама —

Мили е еден од нашите најистакнати и најуспешни композитори, а последниве години е дел од најголемиот музички натпревар во регионот „Ѕвездите на Гранд“ каде е член на жирито и ментор на дел од кандидатите.

— реклама —

Мили во досегашната кариера создаде бројни хитови за некои од најголеми музички ѕвезди како Цеца Ражнатовиќ, Лепа Брена, Харис Џиновиќ, Ана Бекута, Дара Бубамара, Драгана Мирковиќ.

Мили е и основач и сопственик на музичката компанија „Милиграм мјузик“ која ја основа во 2004 година, како и на бендот „Милиграм“ кој донесе новости на српската музичка сцена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања