Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Милијарден договор за модернизација на германските вооружени сили

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarylp8dagac2tkhcKNmdxJ

Германските вооружени сили нарачаа пешадиска опрема во вредност од 1,04 милијарди евра од компанијата „Рајнметал“ (Rheinmetall), соопшти таа компанија во понеделник.

Нарачката ја опфаќа опремата позната како „Infantryman of the Future – Enhanced System“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Порачката вклучува панцири, униформи и уреди за ноќно набљудување монтирани на шлемови или оружје, како и таблети што војниците ги носат за преглед на непријателските позиции, пренесува dpa.

Во системот има и софтвер кој им овозможува на командантите во реално време да ги следат позициите на сопствените сили и на непријателот.

— реклама —

Пешадиските системи, наменети за околу 8.600 војници, треба да бидат испорачани меѓу ноември 2027 и декември 2029 година.

— реклама —

Оваа нарачка е дел од поширок рамковен договор од 3,1 милијарди евра.

Дигиталното вмрежување на пешадијата станува сè поважно во современото војување, бидејќи овозможува координација со сателити, дронови, тенкови и артилерија, како и брзо добивање информации.

— реклама —

„Рајнметал“ овој систем на меѓународниот пазар го нуди под името „Гладиус 2.0“.

По инвазијата на Русија врз Украина, „Рајнметал“ во последните години обезбеди рекорден обем на нарачки, поттикнат од зголемената потрошувачка за одбрана во Германија за тенкови, муниција и сателити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Германските ракети со дострел до 2.000 километри отвораат нова безбедносна дилема во Европа

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Германија стравува од недостиг на гас, планира формирање државни резерви

Свет | пред 19 часа

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 1 ден

media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања