Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Милионите евра од МНР не се единствени: Тетовската фирма чиј газда е донтатор на ДУИ, добивала пари од други институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Фирмата „Еуровиа“ од тетовско Желино која ќе инкасира 1.8 милиони евра за да ја трансформира салата „Борис Трајковски“ во центар за ОБСЕ конференција – годинава имала низа зделки со државни институции за илјадници евра. Добивале од неколку министерства, од Општина Чаир, но и од Универзитетот „св. Кирил и Методиј“-Скопје.  Од министерства, таму пари трансферирале Министерството за животна средина, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство.

 

[caption id="attachment_239817" align="alignnone" width="2852"]Исплаати во 2023 од државни Исплати во 2023 од државна каса[/caption]

Пари кон „Еуровиа“ се излевале и во 2022 година по добиени тендери.

— реклама —

Која е фирмата, а кој сопственикот?

Токму оваа фирма и сопственикот Ељмедин Адеми се најголеми донатори на ДУИ. Сопственикот пак е внук на ексфункционер односно Абдулаќим Адеми кој е поранешниот министер за животна средина и просторно планирање и поранешен министер за образование и наука.

— реклама —

Сопственикот Ељмедин лани на ДУИ како физичко лице и донирал 2.509.200 денари, додека правното лице „Еуровиа“ донирало 1.845.000 денари. „Фокус“ пишуваше дека најголемиот донатор на ДУИ донирал речиси три пати повеќе од дозволеното.

„Еуровиа“, фирма на која приходите и растат за 101% - како растеше мала фирмичка

Според завршните сметки поднесени од УЈП, приходите на оваа фирма која се поврзува со ДУИ растат од 2021 до 2022 година за 101,72%. Во 2022 пријавиле приходи од 920.538.145, а во 2021 биле далеку помали односно 456.350.118 денари. Тие имаат и 36,46% подобра добивка.

Според официјални информации од институциите, фирмата е основана во 2011 година. Веќе во 2013 од микро, станува мала фирма. Потоа, во 2019 година се трансферира во средно претпријатие според бројот на вработени. Од март годинава, тие според број на вработени се голема фирма.

— реклама —

Ељмедин си има и други бизниси

Името „Еуровиа“, како освен фирма која е регистрирана како друштво со ограничена одговорност на едно лице (ДООЕЛ), регистриана е и како друштво со ограничена одговронсот (ДОО) каде сопственик освен Ељмедин, е и Ељдин Адеми.

— реклама —

Тука е и фирмата која веќе ја спомнеавме „Скрин-Медиа“. Најнова, според информациите од Централен регистар е и „Еуровиа ДМД ДООЕЛ“. Дејноста е и трговија со пијалоци. Основана е 2017 година. Во 2022 има приходи од 33.045.354 денари. Сопственик е „Еуровиа холдинг“, каде еден од сопствениците е Ељмедин.

Последна зделка

Министерство за надворешни работи склучи договор за работи за внатрешна адаптација и надворешно уредување на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во функција на одржување на конференцијата на Министерскиот совет во рамки на претседавањето на Mакедонија со ОБСЕ, во декември 2023 година, со друштвото за градежништво, трговија и услуги, Еуровиа ДООЕЛ Желино.

Договорот е во вредност од 112.100.000 денари или 1.822.764 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања