Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Милкие Халими го осуди нападот на екипата на ТВ 21

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
milikie-halimi-696x343

Градоначалничката на Арачиново, Милкие Халими го осуди нападот врз екипата на ТВ 21, кој беше извршен на територијата на општината, откако новинарите снимале граѓани кои се жалеле на лошата инфраструктура во селото. Таа побара целосно расветлување на случајот, а нејзината реакција е содржана во дописот што го испратила до ЗНМ.

— реклама —

-Најостро го осудувам чинот што се случи во просториите на општината. Како прв човек на локалната самоуправа лично ќе се заложам вакви настани веќе никогаш да не се повторат. Слободата на говор, на јавно информирање и непречена работа на медиумите се неприкосновени и цврсто стојам зад тие вредности кои што се и уставно загарантирани. Очекувам и ги повикувам, надлежните институции во најкус можен рок да го расчистат настанот и соодветно да бидат санкционирани“, вели градоначалничката во реакцијата.

— реклама —
— реклама —

ЗНМ претходно соопшти дека таквото насилничко и примитивно однесување на кое биле подложени колегите од ТВ21 е неприфатливо и претставува напад врз слободата на информирање и класично попречување во вршењето на работата на новинарите.

— реклама —

ЗНМ ја поздравува брзата реакција на градоначалничката Милкије Халими и истовремено бара итна и ефикасна истрага од страна на Министерството за внатрешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања