Патната инфраструктура и транспортот се лицето на градот. Изградбата и одржувањето на локални патишта овозможува одржлив развој на градот како туристички центар и услови за безбеден и динамичен сообраќај, истакна Д-р Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.
За убав град реконструкција на улиците:
- Абас Емин, АСНОМ, Егејска и Македонски просветители;
Изградба на улиците:
- Јордан Мијалков, 7 Ноември, Јане Сандански, 1 Македонска ударна бригада. Поплочување и одржување на тротоари и улици:
- Асфалтирање на улиците Александар Турунџе, Партизанска, Прилепска, Будва, Анастасија Узунова, Дејан Војвода, Стив Наумов, Дебарца, населба Бејбунар, Даме Груев, Ванчо Питошески, Охридска Бригада, Кирил и Методиј од Горна порта до Дрвара;
- Во Љубаништа уредување на пешачка патека од селото до автокампот, уредување на улици во село Љубаништа и Трпејца;
- Во Пештани улица Климент Охридски;
- Асфалтирање и уредување на улици во Долно Коњско, Рача, Велестово, Рамне, Подмоље, Орман, Горно
Лакочереј и Долно Лакочереј, Велгошти, Лескоец, Косел и Вапила.
Набавка на инсталација на асфалтна база во едно Јавно претпријатие.
Охрид мора да биде безбедно место за живеење преку изградбата на ефикасен систем на превенција и заштита од пожари.
Проекти за безбеден и убав Охрид:
Изградба на хидрантска мрежа, Набавка на нова опрема за противпожарна станица, Курсеви за пожарникари на меѓународни семинари, Набавка на нови возила. Набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по охридското крајбрежје.
Број 5 за безбеден сообраќај.
Број 5 за безбеден град за живеење.
Број 5 за убав град, истакна Д-р Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.
https://www.facebook.com/mitremilosevskimd/videos/335044157152721?sfns=mo