Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Милошевски: Плоштадот тука кај Долна Порта да биде плоштад на културата, Охрид мора да добие и летно кино ...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

IMG_2253-29-04-19-13-20

Македонската култура е наша, но и европска и светска култура. Охрид е место каде што се судираат историската со современата култура. Заштитата и промоцијата на културните особености и цивилизациските вредности кои оставиле трага на просторот на градот Охрид се наша стратегиска заложба. Со програмата За убав град нашата цел е нов концепт за развој и промоција на туристичкиот развој на Охрид преку унапредување на културниот амбиент во градот и збогатување на културната понуда за граѓаните и туристите. Унапредување на културата на припадниците на етничките заедници, истакна Д-р Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.

— реклама —

Плоштадот тука кај Долна Порта да биде плоштад на културата, редот кој мора да се воведе ќе помогне да се избегне панаѓурскиот изглед на Охрид во туристичката сезона.

— реклама —

За убав град Охрид мора да добие Летно кино. За убав град обнова на фасадите и илуминација на куќи со иста архитектура. Со овој проект ќе се обноват фасадите и надворешна илуминација кои со својот архитектонски изглед претставуваат една визуелна целина која има и архитектонско и историско значење за градот.

— реклама —

За убав град специјално осветлување на верските, културните и историските објекти и знаменитости и оплеменување на јавните површини во нивната околина. Обележување на културни историски и археолошки локалитети со легенда.

— реклама —

Означување на локациите во градот од каде што се напишани староградските песни со кратка легенда и текстот на песната. Поставување рекламни билборди со автентични фотографии од стар Охрид како сведоштво за изгледот на градот во минатото. За убав град проект типизирани тезги. Овој проект предвидува определување и уредување на изложбено продажен простор во чаршијата со изработка и поставување на типизирани штандови за продавање на сувенири и сл. и нивна замена со досегашните тезги на строго определени локации во градот.

Улогата на туризмот во развојот на туризмот е голема затоа заложбата ќе биде максимална за развој и промоција на културниот, езерскиот, спортскиот, алтернативниот туризам, но и на најразличните видови туризам. Одржување на туристичката „Промотивна Тура“ Промотивниот настан „Промотивна Тура“ присуствуваат туристички работници и медиуми од таргетирани земји како потенцијални туристички подрачја, на четиридневен престој во Охрид, при тоа посетувајќи ги сите најзначајни туристички локалитети во градот и околината, запознавајќи се со природното и културното богатство на градот и воедно се запознаваат со туристичката понуда на градот и можностите за соработка со туристичкиот сектор од Охрид. На тој начин се овозможува широка медиумска промоција на Охрид како и креирање на нови пакет аранжмани.

Концептот за убав град не застанува тука со проекти од областа на културата и туризмот. 5 за културата и културните вредности.

5 за град на културата.

5 за победа на Охрид.

5 за убав Охрид.

Охрид повикува, истакна Милошевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања