Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Милошевски: За убав град културата треба да биде на пиедестал, ќе поддржиме меѓународни, национално-културни настани...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
FullSizeRender-13-04-19-10-56

Уникатните вредности на Охрид ни даваат насока и обврска за културен резултат во секоја активност која ја цениме како промотор на градот, определување на неговите вредности и зачувување на ликот на градотм истакна Д-р Митре Милошевски кандидат за градоначалник на Охрид.

За убав град културата треба да биде на пиедестал, а нашата заложба ќе биде одржување што поголем број меѓународни манифестации, национално-културни настани, концерти и претстави, изложби и промоции.

Охрид како развиена културна средина да биде театарска и филмска ризница од културни вредности преку:

— реклама —

Подрршка за фестивалот Охридско лето како еден од најрепрезентативни фестивали на кој настапуваат врвни светски имиња;

Организација и поддршка на Охридската академија на хуманизмот;

Прличевите беседи и Поетска ноќ во Велестово да бидат поетски бисери за градот, одржување и поддршка за фолклорните фестивали Охрид фест, Канео фест, Охридски хорски фестивал, Француски филмски фестивал, Фестивалот на Египќани, реномираниот Балкански фестивал на народни песни и ора, и уште многи други.

— реклама —

За афирмација на културата и туризмот за убав град вниманието го насочуваме кон:

Обележување на културни историски и археолошки локалитети со легенда;

Означување на локациите во градот од каде што се напишани староградските песни со кратка легенда и текстот на песната;

— реклама —

Поставување рекламни билборди со автентични фотографии од стар Охрид како сведоштво за изгледот на градот во минатото.

За убав град зацртаното како цел е реално и остварливо со што културниот живот ќе оди во вистински правец затоа што Охрид го заслужува тоа.

5 за театарски и филмски град.

— реклама —

5 за победа на Охрид.

5 за убав Охрид.

Охрид повикува, истакна Д-р Митре Милошевски кандидат за градоначалник на Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања