Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Милошевски: За убав град – велосипедски и пешачки патеки, партерно уредување, потпорен ѕид Коњско , изградба на музеј на Охридско Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
FullSizeRender-12-04-19-11-29-1

Охрид мора да биде убав. Охрид и охриѓани мора да имаат пријатни катчиња за одмор и релаксација. Охриѓани и туристите да добијат нови велосипедски и пешачки патеки, нови пешачки зони. Граѓаните имаат право на тоа, а обврска на новата Локалната самоуправа ќе биде да им обезбеди слободно и безбедно движење, истакна Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.

За убав град: Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан Охриѓани и гостите мора да се движат безбедно на потегот од излезот од градот до Свети Стефан. Велосипедистите преку здрави навики за возење велосипед активно ќе го користат своето слободно време.

— реклама —

Во непосредна врска е мерката за субвенционирање за купување велосипед со која граѓаните се мотивираат почесто да го користат со цел поздрава околина и почист воздух. Ќе се субвенционира половина од вредноста на чинење на велосипедот, но не повеќе од 4000 денари.

— реклама —

За убав град: Партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки кои ќе бидат нови препознатливи места за рекреација – Стар град – Реконструкција и изградба на потпорни ѕидови и улици:

– Изградба на потпорен ѕид во Коњско.

За убав град: Изградба на музеј на Охридско ЕзероНова атракција за убав Охрид во близина на каналот Студенчишта каде штоохриѓани и посетителите ќе се запознаат со богатата флора и фауна.

За убав град: Изградба на авантуристички (адреналински) паркови Опрема и реквизити за забава како висечки скали и патеки, качувачки карпи и слично.

За убав град: Обележување на улиците со современи пластифицирани материјали И уште многу други проекти во програмата За убав град!

Нашата цел е убав град!

Бројот 5 е единствениот избор за убав Охрид.

Бројот 5 за убав град.

Охрид повикува, истакна Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања