Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Милошоски: Бугарија не нуди никаква гаранција дека нема да не’ блокира со нови ирационални барања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Владеачкото мнозинство е сосема свесно дека немаат две третини за да го испорачаат тоа што сами без национален консенуз лековерно го прифатиле како обврска за наметнати уставни измени по барање од Бугарија. Ова го посочи пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски по средбата во Собранието со министрите за европски прашања од Полска, Германија и Франција.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Од ВМРО ДПМНЕ беше кажано ‘да’ за Европска унија , но не за уцени од страна на Бугарија кои што не нудат никаква извесност дека процесот на евроинтеграции нема повторно и повторно да биде блокиран заради ирационални прашања кои што Бугарија очигледно се уште ги има кон Македонија,“, посочи Милошоски.

— реклама —

Тој посочи и дека Германија не барала изговори да ја блокира Полска по втор, трет или петти пат и да и постави вето туку барала причини како земјата поскоро да стане член на ЕУ.

— реклама —

„Разликата во регионот е што земјите членки на ЕУ во регионот,  во случајот Бугарија и Грција , кон некоја од земјите во регионот бараат начин и изговори како одредени недоразбирања да станат пречка или изговор за вето и за бликирање на процесот на евроинтеграции“, додаде Милошоски.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања