„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Милошоски: Димитров слика има, тон нема, во Македонија за разлика од ЕУ министрите бегаат од собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
slika1

Собранието во секоја членка на ЕУ секогаш е место за демократска расправа меѓу министрите и пратениците, за најважните национални прашања! За жал во Македонија министрите бегаат од Собранието и пратениците.Затоа и макетата на вицепремиерот Димитров е вистинската слика за владините министри во Собранието, слика има, тон нема, напиша на својот ФБ профил Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Милошоски во објавата додава:

Пратениците од власта денес не прифатија на дневен ред да се стават и да се усвојат следниве заклучоци кои се однесуваат на македонско-бугарскуте односи и ризикот од блокада на евроинтеграциите:

— реклама —

1.Собранието ги осудува позициите содржани во Објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во контекст на проширувањето и македонските евроинтеграции, како спротивни на Повелбата на Обединетите нации од 1945-та година, во која една од целите е развивање на “пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите”, право кое неделливо му припаѓа и на македонскиот народ

2. Собранието упатува апел до сите земји членки на ЕУ, до Европската Комисија и до Европскиот парламент да донесат безусловна одлука за почеток на преговорите со одржување на првата меѓувладина македонско-европска конференција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања