Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Милошоски: Договорот со Бугарија е изворот на штетните последици кои настануваат по однос на Македонија, затоа на референдум ќе биде поништен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
milososki

„Во 2017-та година го критикувавме потпишувањето на овој договор, и дадовме пет забелешки како може да биде подобар, но за жал власта тогаш премногу арогантна и нова и не успеа да ги согледа штетните последици кои што овој договор ќе ги донесе. Не беа свесни што се може договорот да донесе во однос на понижувања на Македонија. Но, денес гледаме дека штетните последици веќе стапуваат на сила, дали е тоа ревизија на учебници, дали се тоа уцени од Бугарија, дали се политички, историски или образовни и други барања и ќе продолжат и во иднина. Мислам дека и јавноста е зрела и политичка, граѓанска и медиумска јавност за овој договор да биде ставен на тест на референдум и истиот на таков начин да биде прекинат затоа што сметам дека не оди во прилог на Македонија“, истакна Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник при гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

— реклама —

Милошоски додаде дека Договорот со Бугарија е изворот на штетните последици кои настануваат по однос на Македонија.

— реклама —

„Сакаме во две работи да бидеме прецизни, првата работа технички според Законот за референдум и непосредни изјаснувања пишува дека тема на референдум може да биде само одредена област која што е надлежност на Собранието, да биде регулирано. Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија е надлежност на Собранието и затоа сметаме дека тоа треба да биде темата на референдумот. И второ, по однос на предлог рамката за преговори, тоа е владина надлежност и тука доколку би барале референдум за такво прашање би биле одбиени со право затоа што не е во надлежност на Собранието“, појасни Милошоски.

— реклама —

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека Договорот за добрососедство со Бугарија треба да биде поништен.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ нема проблем да поддржи договор кој што на рамноправни основи ќе биде корисен и за Македонија и за Бугарија. Но, еден ваков договор кој што е одликуван со асиметрија и каде што Македонија само е натоварена со отстапки, со понижувања, со уцени, со обврски, а Бугарија си има одредени повластици кои што можеби извираат од нивниот национализам или пристап кон романтика. Сметам дека договорот не е поволен за Македонија. И затоа рамноправен договор Македонија - Бугарија не би имале проблем да поддржиме, но ваков асиметричен сметаме дека ќе биде добро да биде поништен“, нагласи Милошоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања