Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Милошоски: Македонскиот народ стана кираџија - еден дезертер замина од премиерската функција, друг дезертер да седне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-01-28-at-12.35.05

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски рече дека Димитар Ковачевски, кој е дезертер, ќе стане од фотелјата, за да седне Талат Џафери кој исто така е дезертер од АРМ. Милошоски укажа дека ниту еден од двајцата немаат искрени чувства кон Македонија. Ја искритикува СДСМ дека ја продале куќата.

— реклама —

hmvJ9RzI_MQ
— реклама —

„Еден дезертер даде оставка, другиот ќе седне на фотелјата. Исто како што беше Џафери најлош, така и Ковачевски ќе биде. Пратениците на ДУИ нема пратеници и број на гласови за да избере премиер. Но Ковачевски и Маричиќ евтино ја продадоа куќата на СДСМ и за нивните фотелји од вашата партија направија привезок на ДУИ. Слугите на корумпираната на ДУИ, заради коруптивни побуди, македонскиот народ го направија кираџија во сопствената државата. СДСМ, ЛДП и НСДП ви приредија понижувачка ДУИ-зација на државата, ставајќи го на чело на државата, Талат, другарот на Рамиз Мерко и Пуцко Петрол – познатите европејци во Македонија“, рече Милошоски.

Кажа и дека нема ништо историски во денешниот ден, освен што историски има најголем долг, корупција, пропаст. Милошоски го нарече Артан Груби - адвокат на ДУИ, а Џафери на ДУИ, оти едниот пишувал закони, другиот ги прифаќал законите, па протнувал низ Собрание.

Милошоски ги спомена и најголемите коруптивни скандали и скандалозни јавно-обвинителски одлуки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања