Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Милошоски: На граѓаните не им треба PR-от на Венко, туку им треба конкретна и организирана помош за да се спаси човечки живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
antonio_govornica

Додека многу луѓе во пендемијава секојдневно се борат за својот живот, министерот Венко Филипче не е способен да ги исполни ниту неговите сопствени ветувања дека навремено ќе обезбеди вакцини за имунизација.

— реклама —

Додека министрите за здравство на Србија, Албанија, Бугарија, Грција напорно работеа и веќе им овозможија вакцинација на нивните граѓани, на доброволна основа, Венко Филипче правеше неетички PR со пациенти-деца и Дедо Мраз, напиша на својот ФБ профил Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Милошоски во објавата додава:

— реклама —

Додека лекот Xarleto (Клексан, против згрутчување на крвта) во Германија е 10€, Венко "заборавил" во Македонија да го стави на позитивната листа и истиот болните пациенти го плаќаат по 60€, од што некој зема дебели провизии.

Затоа на граѓаните не им треба PR-от на Венко, туку им треба конкретна и организирана помош за да се спаси човечки живот преку навремени и достапни здравствени услуги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања